Птиците се изложени на голем опсег на закани кои се директно предизвикани од човековата активност, а една од тие закани е интеракцијата на птиците со несигурна далекуводна мрежа. Голем број истражувања во

Европа и светот покажуваат дека далекуводните мрежи со среден и висок напон се опасни за птиците бидејќи предизвикуваат електрокуција (смрт од струен удар) или колизија (смрт од судир со енергетска структура), соодветно. Честопати далекуводната мрежа во нашата земја е дизајнирана на начин со кој птица со голем распон на крилја (на пр. орел или штрк) лесно може да се судри во жиците или да затвори струјен тек и да се усмрти. Ретко се среќаваат далекуводни линии кои имаат содветна заштита. Овие негативни интеракции се случуваат почесто во региони каде природна инфраструктура за гнездење, ловење и одмарање (како дрвја, куќи, штали итн.)  нема доловно или воопшто не постои. Во случајот со степоликото подрачје Овче поле главно се состои од отворени полиња кои се напуштени, пропратено со недостаток на дрвја. Затоа птиците кои гнездат или прелетуваат низ подрачјето честопати ги користат далекувдните столбови за исхрана, за гездење или како платформи за лов. Птиците од светско значење за зачувување се царскиот орел, степската ветрушка, златниот орел, модровраната итн. Во случај на подрачјето Кочански оризови полиња типичниот хабитат се оризовите полиња,  и она што го прави ова подрачје спeцифично е рекордната густина на бели штркови на единица површна (106.7 pairs/100km2).  Поради оваа густина, голем дел од гнездата штрковите ги градат на среднонапонските далекуводни столбови. Поради тоа, честопати млади и поретко повозрасни штркови се жртви на електрокуција.

Дополнително, мрежата на среднонапонските далекуводи е особено густо распространета во овие две подрачја што резултира истите да се користат често од овие значајни видови што неизбежно води кон инициденти. Затоа, во рамки на проектот “Јадрански прелетни патишта за птици – фаза 4: Македонија“ (каде ЕВН Македонија и МЖСПП се партнери во проектот) МЕД спроведуваше редовен мониторинг на случаи на електрокуција и колизија во овие две подрачја, со цел да идентификува подрачја за поставување изолација на далекуводи кои беа идентификувани дека се опасни за птици. Резултатите после 4 години истражување покажаа дека линиите Мамутчево, Кадрифаково, Врсаково-Судиќ, Крупиште и Чешиново се опасни и мора да се изолираат. Со таа цел, во периодот мај и јуни 2022 година, Македонско еколошко друштво (МЕД), во соработка со ЕВН Македонија поставија изолатори на 50 индивидуални далекуводни столови на неколку локации на значајните орнитолошки подрачја Овче Поле и Кочански оризови полиња. Изолацијата на далкуводите е за една цел – да се обезбеди заштита за птиците кои живеат или прелетуваат на територијата на овие две подрачја.  До крајот на годината планирано е да се постават изолатори на дополнителни 130 столбови.

 

 

Start typing and press Enter to search