Времетраење: 2013–2015 г.
Финансиер: Европска Унија, Прекугранична програма на ИПА за Македонија и Албанија 2007-2013
Партнери: ППНЕА од Албанија и Еуронатур од Германија
Цел на проектот: Да се придонесе кон промоција на позитивните практики за одржливо користење на природните ресурси во пет општини долж планинскиот масив Јабланица-Шебеник, како и да се подигне свеста на локалното население за одржливото користење на природните ресурси преку употреба на методи кои не и штетат на природата. Бидејќи станува збор за едукативен проект кој предвидува обука на локалното население преку работилници, прекугранични екскурзии и други форми на едукација се очекува крајниот резултат да биде поуспешно менаџирање на животната средина во прекугранично заштитено подрачје Јабланица-Шебеник.
Лице за контакт: Фросина Пандурска-Драмиќанин pandurska@mes.org.mk