Во рамките на проектот „Градење на капацитетите кај невладините организации од Црна Гора и Косово“ се одржа и претпоследната работилница на планината Комови, Црна Гора од 18 до 22 октомври 2013 година. На оваа работилница беше ставен акцент на анализата на прелиминарните резултати од основното истражување кое се спроведува во овие две земји.
Се работи за анкетирање на локалното население од руралните планински предели на Косово и Црна Гора со цел да се дознае нешто повеќе за распространувањето, честотата и трендот на крупните цицачи, нивниот можен конфликт со локалното население, сточарските практики на населението, како и социо-економската структура на селата.

Освен основното истражување, одбраните невладини од Косово: Финч и ЕРА, како и Друштвото за проучување и заштита на птиците во Црна Гора, во соработка со јавното претпријатие Национални паркови на Црна Гора имаа можност да се запознаат со основните принципи на заштитените подрачја: историјатот, концептот и управувањето со истите. Оваа презентација ја одржа Марија Вугделич, професор на универзитетот Доња Горица. Беше организирана посета на националниот парк Проклетие и средба со директорот Енес Дрешкович.

Последната работилница од овој тип ќе се одржи на Косово во ноември 2013 година каде ќе се посвети време на методот на фото-замки како следена активност на која ќе се работи во овие две земји.

Start typing and press Enter to search