На средбата беа претставени резултатите од актуелниот мониторинг на Осогово и разгледана е Стратегијата на мониторинг мрежа за диви животни на Осогово. Соработка на МЕД и локалните партнери вклучени во мониторингот резултираше со позитивни реултати, како: собирање на поголем број податоци за моменталната состојба со крупните ѕверови и нивниот плен, обуки за користење на соодветни методи за мониторинг и обострана размена на информации и стручни совети. Овие резултати ја зајакнаа меѓусебната соработка и доверба и иницира формирање на мониторинг мрежа. МЕД подготви нацрт документ Стратегија на мониторинг мрежата на Осогово, која беше претставена и заеднички разгледана и усвоена на средбата.