Како мал, но одлучен и мотивиран тим ние го започнавме овој мал проект како голема авантура. Заминавме – каде што ретко кој бил и замисливме амбициозна цел. Но целта не може да биде поинаква зошто тој што еднаш ја посетил Шар Планина, веднаш се маѓепсал. Во шумите, покрај потоците и реките или глацијалните езера, на пасиштата – тие се насекаде! Сепак, честопати мали, неупадливи и суптилно вклопени во пределот. Грандиозната Шара умешно ги крие и чува едни од глобално најзагрозените екосистеми – влажните екосистеми. Планинските тресетишта се изолирани и фрагментирани, сведоци на динамични климатски појави кои ги направиле прибежиште за ретки и реликтни видови растенија.

Со овој проект, три од нив ќе останат траен доказ за нивното постоење, функционирање и значајност. Секое со својата приказна ќе открие цели светови, досега непознати за нас. Нашиот прв чекор ќе биде да се анализираат сите досега необјавени и необработени фитоценолошки снимки на тресетишта и потоа и со теренска работа да се добијат повеќе податоци.

А ние шестмина, што повеќе да посакаме? Нема поголемо задоволство од тоа да се истражува недопрената природа и да се даде придонес кон одгатнување на вечното прашање: Како функционираат екосистемите?

 

Start typing and press Enter to search