Претставници на фамилиите Ceramycidae и Lucanidae (Сапроксилни тврдокрилци)

Сапроксилните тврдокрилци се инсекти кои се исхрануваат со мртво или дрво кое се распаѓа и како такви тие живеат во стари, добро сочувани шумски  екосистеми каде имаат клучна улога во декомпозиција на  мртвата дрвесина.  Фасцинантно сознание е дека во  Македонија постојат многу такви шуми, но и крајречни  локалитети коишто изобилуваат со слична вегетација.

Ние како група на ентузијасти решивме да ги проучиме овие инсекти,  да осознаеме што е можно повеќе за нивниот начин на живот, а  воедно и да ја кренеме јавната свест за разумно и одговорно постапување со шуми од вакво значење. Живеалиштата на овие тврдокрилци се од особена важност бидјеќи нивната деградација полека придонесува кон тоа овие инсекти да добијат статус на загрозени видови.

Собирање на материјал за анализи

Нашиот тим со  примена на различни модифицирани замки утврди присуство  на доста впечатливи видови на тврдокрилци со  карактеристичен изглед и сапроксилен начин на исхрана. До крајот на летото се надеваме дека ќе

Поставување на Intercept замка

имаме уште повеќе резултати од анализите и теренските истражување зошто активноста на овие инсекти ќе кулминира во периодот  кој следи. Досега, со оглед на промените во климатските услови, активноста на инсектите  беше помала и забележавме помало видово разнообразие.

Start typing and press Enter to search