![](http://mes.org.mk/wp-content/uploads/2020/08/pretstavnitsi-od-familiite-cerambycidae-i-lucanidae-300x300.jpg)
Претставници на фамилиите Ceramycidae и Lucanidae (Сапроксилни тврдокрилци)
Сапроксилните тврдокрилци се инсекти кои се исхрануваат со мртво или дрво кое се распаѓа и како такви тие живеат во стари, добро сочувани шумски екосистеми каде имаат клучна улога во декомпозиција на мртвата дрвесина. Фасцинантно сознание е дека во Македонија постојат многу такви шуми, но и крајречни локалитети коишто изобилуваат со слична вегетација.
Ние како група на ентузијасти решивме да ги проучиме овие инсекти, да осознаеме што е можно повеќе за нивниот начин на живот, а воедно и да ја кренеме јавната свест за разумно и одговорно постапување со шуми од вакво значење. Живеалиштата на овие тврдокрилци се од особена важност бидјеќи нивната деградација полека придонесува кон тоа овие инсекти да добијат статус на загрозени видови.
![](http://mes.org.mk/wp-content/uploads/2020/08/kolektsionirane-na-materijal-225x300.jpg)
Собирање на материјал за анализи
Нашиот тим со примена на различни модифицирани замки утврди присуство на доста впечатливи видови на тврдокрилци со карактеристичен изглед и сапроксилен начин на исхрана. До крајот на летото се надеваме дека ќе
![](http://mes.org.mk/wp-content/uploads/2020/08/postavuvane-intercept-zamki-225x300.jpg)
Поставување на Intercept замка
имаме уште повеќе резултати од анализите и теренските истражување зошто активноста на овие инсекти ќе кулминира во периодот кој следи. Досега, со оглед на промените во климатските услови, активноста на инсектите беше помала и забележавме помало видово разнообразие.