Програмата за односи со јавност е креирана со цел споделување на резултати од активности кои се спроведуваат во сите програми на МЕД. Тимот на оваа програма работи на стратешки документи поврзани со интерна и надворешна комуникација на организацијата, редовно комуницира со медиумите и јавноста којашто е засегната со прашања поврзани со природата. Улогата на оваа програма е да се создадат норми и да се структурира комуникацијата на МЕД којашто може да биде поврзана со внатрешни прашања на организацијата или надворешна комуникација. Не помалку важна улога на програмата е и да спроведува активности за едукација и анимирање на членството на МЕД. Оваа програма посветува посебно внимание кон зајакнување на поврзаноста помеѓу МЕД и локалните конзервациски групи во поглед на зголемена ефективност и ефикасност во процесите на мониторинг, заштита и еколошка едукација на локално ниво.