-
м-р Робертина Брајаноска Извршен директор
Магистер по земјоделски науки со 22 годишно работно искуство во заштита на природата, воспоставување заштитени подрачја, креирање еколошки мрежи, одржливо користење на природните ресурси. Робертина е вклучена и во процесите на изработка на различни национални стратешки документи.
Таа е Извршен директор на Македонското еколошко друштво од 2012 година и се грижи за стратешкиот развој на организација и целокупното функционирање на канцелариите на МЕД. -
д-р Методија Велевски Заменик директор
Теренски истражувач (орнитолог) посветен на зачувување на природата и развој на орнитологијата во Македонија. Со речиси 30 години искуство во проучување на птиците, тој е меѓу водечките научници на Балканот. По професионалниот ангажман во Природонаучниот музеј од 2014 до 2019 година, Методија се враќа на позицијата Заменик директор во МЕД.
Моментално е посветен на унапредувањето на организацијата и истражување на распространувањето и големините на популациите на птиците. -
Светлана Пејовиќ Раководител на програма
Биолог, активно учествува во истражувањата и едукативните активности на МЕД од 1995 година. Вработена во 2006 година како раководител на Програмата за еколошка едукација каде работи на едукативни програми на национално ниво. Нејзината посебна специјалност од истражувањата на биолошката разновидност се растенијата, а од неодамна во фокус и се активности за закрепнување на шумските појаси преку пошумување со автохтони видови дрвја, карактеристични за нашето поднебје.
-
м-р Деспина Динова Китанова Раководител на програма
Биолог со фокус на заштитени подрачја и посебна специјалност во истражување на биолошката разновидност, поконкретно на вилинските коњчиња. Таа е активен член на МЕД од 1998, а вработена во 2007 година. Деспина е раководител на Програмата за управување со заштитени подрачја и е особено посветена на ново-прогласените заштитени подрачја во Источна Македонија.
-
д-р Диме Меловски Раководител на програма
Вработен во МЕД од 2006 година, како раководител на Програмата за диви животни и на Програмата за закрепнување на балканскиот рис. Тој е вклучен во неколку проекти поврзани со истражување и мониторинг на цицачите во Македонија, како и во фаунистички истражувања на дневните пеперутки. Диме е претставник за Македонија на Европската иницијатива за крупни месојади, платформата Eurolynx за истражување на екологијата на рисот во Европа, како и иницијативата за картирање на европските цицачи.
-
Васко Авукатов Раководител на програма
Експерт за ГИС вработен во МЕД од 2006 година како Раководител на Програмата за ГИС аналитика и управување со бази на податоци. Заедно со колегите од програмата, активен е во голем број од проектите и истражувањата на МЕД. Позначајни активности има во Програмата за зачувување на Природата во Македонија, Програмата за заштита на Балканскиот рис, проектите за изработката на националната карта на хабитати по ЕУНИС, за картирање предлог подрачја за НАТУРА 2000.
-
м-р Наталија Меловска Раководител на програма
Магистер по науки за животна средина. Во МЕД работи од 2007 година, а моментално е раководител на Програмата за заштита на растенија и екосистеми. Таа е посветена на интегрирање на концептот за екосистемски услуги на национално ниво и има долгогодишно искуство со ботаника. Моментално најмногу работи во Вевчани, каде се воспоставува првата шема за плаќање за екосистемски услуги.
-
Александра Тодоровска Финансиски координатор
Иако незјиното образование е поврзано со сточарството таа во МЕД е професионално посветена на финансиското работење на организацијата. Сепак љубовта кон агробиодиверзитетот ја поврза со проекти кои се фокусираа на зачувување на стари сорти, на овцата праменка и на подобрување на сточарските пракси во прилог на зачувување на природата.
-
м-р Александар Стојанов Раководител на проект
Магистер по екологија. Во МЕД работи од 2006 година, како дел од тимот за заштита на балканскиот рис во Македонија. Освен со рисот, работи и на заштита, зачувување и мониторинг на останатите крупни цицачи и лилјаци, и на нивните живеалишта.
-
м-р Фросина Пандурска-Драмиќанин Раководител на проект
Филолог и магистер по социолошки науки со повеќегодишно искуство како лице за односи со јавност, новинар, преведувач и толкувач и проектен координатор во Македонско еколошко друштво. Нејзината работа во МЕД започна во 2011 година каде се залага за воспоставување нови заштитени подрачја во земјата. Од 2015 година е член на платформата „Пријатели на Шара“, којашто беше најактивна во поддршката на процесот за прогласување на Шар Планина за национален парк.
-
Данка Узунова Раководител на проект
По едукација еколог, по струка орнитолог. Во МЕД работи како раководител на проекти за птици, со фокус на популациски истражувања за водни птици, грабливки и други ретки птици. Вклучена е во тимот на МЕД повеќе од десет години и активно работи како ментор на волонтери и помлади истражувачи, а поддржува и граѓански иницијативи во поддршка на наука.
-
Даниела Заец Раководител на проект
Еколог кој работи во МЕД од 2015 година со фокус на управување со заштитени подрачја на прекугранично ниво. Таа е првиот координатор на канцеларијата на МЕД во Ресен и директен претставник во ПреспаНет. Даниела е моментално на магистерски студии во Португалија каде се специјализира во управување со водни екосистеми.
-
д-р Драган Арсовски Раководител на проект
Експерт за моделирање со податоци за животна историја и популациски динамики кај видови на рептили и водоземци. Неговиот посебен фокус се импликациите од ваквите истражувања во прилог на зачувувањето на природата. Тој во МЕД работи на координација на проектот за зачувување на Преспа како прекуграничен регион, координација на Програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“ и уредување и дополнување на македонската Црвена книга на загрозени видови.
-
М-Р Искра Манојлоска Координатор за комуникации
Пред да се придружи во тимот на МЕД, Искра има двегодишно искуство како маркетинг менаџер во неколку интернационални компании и седумгодишно искуство како новинар. Формалното образование го стекнала на „Правен факултет – Јустинијан Први“ Скопје. Во МЕД, таа е вклучена во речиси сите проекти и е задолжена за комуникациските стратегии, соопштенија за медиуми, управување со профилите на социјалните мрежи, координирање на производството на репрезентативните материјали, комуникација со членството и целокупно организирање на едукативни настани наменети за членството на МЕД.
-
м-р Александар Павлов Асистент на проект
Филолог и биолог, кој од 2018 г. е вработен во МЕД и главно работи на Програмата за закрепнување на балканскиот рис и заедно со тимот „рисаџии“ силно се залага да се подобри состојбата на ова критично загрозено животно во земјата и во регионот. Преку теренските истражувања на крупни месојади и мали цицачи и научните публикации што произлегуваат оттаму, тој придонесува кон поопширни сознанија за видовите и помага во подигање на јавната свест за дивите животни и природата.
-
Рајне Ристова Финансиски асистент
Дел од тимот на МЕД од 2018 година, посветена на финансиското работење на организацијата и управувањето со документација. Таа е љубител на природа и изнаѓањето начини на живеење во градот кои не придонесуваат кон загадување и унишување на природата.
-
Славе Накев Асистент на проект
По професија е информатичар, а во МЕД започна да волонтира во 2014-та година. Од 2017-та година е дел од тимот на МЕД и најмногу е посветен на ГИС аналитика. Поради природата на работа на ГИС секторот во МЕД, вклучен е во речиси сите проекти што ги спроведува организацијата. Покрај ГИС, во изминатите неколку години најактивно е вклучен во програмата за заштита на птиците како и во проектите поврзани со реставрација на живеалишта.
-
Маријана Димоска Финансиски службеник
Дипломиран економист на позицијата финансиски службеник на МЕД, повеќе од три години. Со МЕД ја поврза љубовта кон македонските планини и особено планинарењето на Шара. Таа е активна поддржувачка на иницијативата „Пријателите на Шара“.
-
м-р Андреј Гонев Асистент на проект
Моментално на магистерски студии во Франција каде се фокусира на конзервациска генетика. Тој е асистент на проект во МЕД од 2020, а волонтер од 2014 година. Вклучен е во повеќе проекти кои ги проучуваат и заштитуваат цицачите, претежно крупните ѕверови. Најголем дел од неговите активности се во рамки на “Програмата за закрепнување на балканскиот рис”.
-
Сара Крстевска Асистент на проект
Инженер по биологија, биохемија и физиологија.
Во МЕД волонтира од 2018 до 2021 година на различни проекти кои опфаќаат заштита на различни групи организми и живеалишта. Во 2021 година официјално станува дел од тимот на МЕД. Моментално работи во одделот за заштитени подрачја, на проектот “Програма за зачувување на природата во РСМ – Заштитени подрачја.” -
Љубица Ѓурѓевиќ Асистент на проект
Дипломиран правник, во МЕД работи како асистент на “Проект Преспа: Зачувување на биолошката разновидност во прекугранична Преспа” од Јануари 2022, во локалната канцеларија на МЕД во Преспа. Нејзините секојдневни активности вклучуваат комуникации со локалните чинители, прекуграничните партнери и финансиски менаџмент на проектите на локалната канцеларија.
-
Арта Старова Координатор на проект
Социјален географ со особен интерес во традиционални сточарски пракси и нивната улога во зачувувањето на природата. Моментално е асистент за прокетот Балкан Детокс LIFE „Зајакнување на капацитетите на државните институции за борба против труење на дивите животни и подигање на јавната свест во балканските држави“ и „Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб-Коритник“.
-
Елена Минова Асистент на проект
Со работа во МЕД започнува во 2017 година како асистент на проектот ревитализација на рипариски екосистеми, за подоцна да се вклучи и во програмата за еколошка едукација. Моментално работи на проектот на “Воспоставување мрежа за искуствено учење и воспоставување на првата годишна програма за заштита на животната средина и климатски промени”
-
Лазар Николов Асистент на проект
Дипломиран еколог кој од 2007ма година е активен член на МЕД и е ангажиран на голем број на проекти како надворешен стручен соработник. Од 2022 година тој е вработен на полно работно време и ангажиран на проекти од Програмата ГИС аналитика и управување со бази на податоци и во Заштита на растенија и екосистеми. Негово поле на потесен интерес се пределна екологија, екосистемски истражувања на копнени екосистеми и заштита и зачувување на влажните живеалишта.
-
Александра Јовановска Финансиски и административен асистент
Дипломиран инженер биолог, со долгогодишно искуство во финансиско и материјално работење во различни сектори. Од 2023 се приклучува во тимот на МЕД, во делот на администрација и финансии на друштвото.
-
Драгана Пеликудовска Асистент на проект
Дипломиран биолог – професор по биологија. Волонтира во МЕД од 2021 година, а во 2022 година станува раководител на проект преку програмата за Поддршка на млади еколози Д-р Љупчо Меловски. Од неодамна е дел од нашиот тим како проектен асистент на “Проект Преспа: Зачувување на биолошката разновидност во прекугранична Преспа”. Поле на интерес и се екологија, заштита и зачувување на влажните станишта.