Референтен број 03-03/22

Македонското еколошко друштво, партнер спроведувач на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), објавува јавен повик за финансиска поддршка за развој на одржлив туризам во заштитеното подрачје Споменик на природата (СП) „Вевчански извори“, како алатка за спроведување на шема за плаќање за екосистемски услуги.

Повеќе за ПЗП на следниот линк.

Заинтересираните субјекти потребно е да ја достават целокупната документација во електронска форма на е-маил адресата: angelova@mes.org.mk и по пошта или лично на следнава адреса: Македонско еколошко друштво, бул. Борис Трајковски ул.7, бр.9а, 1000 Скопје.

Јавниот повик е отворен до 09.03.2022 година до 15 часот, до кога сите заинтересирани апликанти треба да достават:

  • Тековна состојба од Централен регистар, не постара од 6 месеци од рокот за аплицирање;
  • Уредно пополнета апликација (апликацијата може да се преземе тука)
  • Уредно пополнет Образец за финансиска понуда (Образецот може да се преземе тука)
  • Профил на апликантот со референтна листа на спроведени проекти исти и/или слични на предметот од интерес и промотивни материјали од реализирани проекти.

Јавниот повик може да го преземете на следниот линк.

Start typing and press Enter to search