Иако немаше можност за партнерите и чинителите да се сретнат во живо на првиот состанок за проектот БалканДетокс LIFE, со задоволство сакаме да ве известиме дека состанокот беше сепак успешен и привлече големо внимание и вклученост од страна на голем број релевантни чинители.

Преглед на почетниот состанок

Почетниот состанок за проектот БалканДетокс LIFE се одржа на 30ти ноември на во него се вклучија претставници од сите девет партнери како и поголем број релевантни чинители од целиот Балкан како и други делови од светот со цел да дискутираат за целите, обемот, временската рамка на проектот и сè останато. За време на состанокот започнавме со иницијални дискусии околу воспоставувањето на официјални работни групи во секоја од балканските држави вклучени во проектот, што пак е исклучително важен чекор за да се осигура институционална вклученост, соработка и поддршка со цел спречување на илегалното труење на диви животни.

Состанокот броеше преку 110 регистрирани, додека најголем број вклучени во даден момент беше 80, иако учесниците се вклучуваа и заминуваа во зависност од работните сесии. Генерално состанокот беше успешен со многу создадени нови познанства, разменети искуства и идеи, како и зајакната соработка помеѓу клучните чинители со цел борба против најголемата закана за опстанокот на мршојадците.

Проектни активности планирани за 2021

На почетниот состанок се поставија темелите за успешна реализација на проектот – сега што е следно за БалканДетокс LIFE? Проектниот тим има многу амбициозни планови за 2021, но тие постојано се прилагодуваат и модифицираат во согласност со препораките за спречување на тековната пандемија.

Една од најзначајните активности за следната година се состаноците со релевантните институции во Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција и Србија во насока со цел отпочнување на изготовка на стандардно оперативни процедури за истражување на инциденти поврзани со труење на диви животни.

Исто така, дополнителни состаноци ќе бидат спроведени за официјализација на Националните акциски планови за борба против труење, како и истражување на обемот и потеклото на илегалните токсични субстанци кои се користат за изготовка на отровни мамки. Партнерите ќе спроведат и едукациски настани во локалните заедници каде што труењето на диви животни е честа пракса со цел да се обрне внимание на причините за кои луѓето псоегнуваат по овој метод како и промоција на превентивни мерки кои се безбедни за животните и животната средина.

За крај, првите обуки за партнерите но и државните институции ќе се спроведат во Академијата за еколошки криминал во Шпанија на пролет. Обуките ќе имаат за цел да ги зајакнат капацитетите на институциите и ефикасноста на правосудниот систем во насока на подобро менаџирање со инцидентите со труење преку прифаќање и адаптација на добрите пракси во Шпанија.

Доколку сакате да бидете во тек со вестите поврзани со проектот, можете да ја следите страната на фејсбук посветена на проектот БалканДетокс LIFE.

 

Start typing and press Enter to search