Проектот „Одржлива иднина за БиоНет“ е нов проект во кој МЕД е вклучен во партнерство со Центарот за животната средина од Босна и Херцеговина, ППНЕА од Албанија и Финч од Косово a којшто ќе се проведува до крајот на март 2021 година.

Станува збор за активности во рамки на мрежата БиоНет во која членуваме, како платформа на НВО од Западен Балкан кои работат на полето на заштита на биолошка разновидност.

Главна цел на проектот е да се зајакне одржливоста на мрежата БиоНет како и да се подигне свеста на граѓаните за потребата од зачувување на биолошката разновидност.

Во рамки на проектот планирана e кампања за информирање на граѓаните за важноста за зачувување на биодиверзитетот преку споделување на идеи за тоа како можеме да придонесеме за почиста животна средина. Во рамки на овој проект предвидени се и активности за изработка на стратешки план на мрежата и ревизија на други постоечки документи. Овој проект е финансиран од ГИЗ во рамки на фондот ОРФ-БДУ.

Повеќе за активностите на мрежата може да дознаете на веб страната на БиоНет и ФБ страната на БиоНет.

Start typing and press Enter to search