Со голема возбуда сакаме да ве информираме дека по 5 месеци зимување на Блискиот Исток светскиот патник Сунчица се врати на Балканот. Во 2019 година заедно со Фондот за дива флора и фауна на Сунчица и уште неколку други белоглави мршојадци од Грција и Македонија им ставивме ГПС предаватели. Овие предаватели се обид да се следи и спречи нивното труење на Балканот. Труењето е една од најголемите закани за популациите на мршојадци чии бројки стрмоглаво опаѓаат. Патувањата на Сунчица ги следевме со многу возбуда бидејќи таа направи импресивна „прошетка“ сѐ до Блискиот Исток. Иако нејзиниот истражувачки лет сега се чини успешен, не беше сѐ лесно за овој млад мршојадец.
На почетокот на октомври 2019 година Сунчица беше пронајдена во Берово прегладнета, преморена и неспособна за лет. Асоцијацијата за заштита на животните Про-Анима од Берово нѐ повика за помош и до крајот на октомври Сунчица беше ослободена на Витачево од каде таа замина на исток. За жал, во средината на ноември таа повторно беше во неволја но беше забележана блиску езерото Вистонида во Грција. Младата птица не можела да најде соодветна храна и повторно беше прегладнета и истоштена. Сунчица беше префрлена во Солун каде ветеринарен тим се грижеше за неа до декември. Од декември 2019 до октомври 2020 таа леташе над Источните Родопи и Централен Балкан а потоа полета кон Црното Море и следејќи го брегот ја помина Турција и одлета кон Ирак и Иран. Шест месеци подоцна Сунчица е назад на Балканот летајќи на небото над Западна Бугарија.
Од октомври 2020 Сунчица има прелетано 18.732км! Растојанието од нејзината почетна точка до местото каде најдалеку одлета е 2.800 км. Ова патување е уште поимпресивно ако земеме во предвид дека е ова првата миграција на младата Сунчица.
Следењето на Сунчица е дел од мониторингот кој го прават неколку организации во проектот Балкан детокс. Целите на овој проект опфаќаат подигање на свесноста за последиците и зајакнување на националните капацитети за борба против илегално труење на диви животни, кое на Балканот е одговорно за намалување на популациите на многу загрозени видови. Проектот има и ново лого, кое го потенцира ужасот на илегалното труење преку користењето на стилизираниот череп, но истовремено покажува и надеж бидејќи отровот се празни – постигнувајќи ја така нашата цел да направиме „детокс“ на Балканот од оваа опасна закана.