Дали птичарeњето навистина може да го подобри нашето ментално здравје? Науката вели да!

Сите знаеме дека поминувањето време во природа е пријатно, но има се повеќе докази дека дивиот свет – и птиците особено – имаат големо позитивно влијание врз нашата ментална благосостојба. Истраживме кои се најновите откритија од областа на биологијата, економијата и психологијата.

Во текот на изминатите 18 месеци, многумина се свртеа кон природата за да се справат со пандемијата. Некои луѓе почна редовно да одат во парковите или во природа и сè повеќе ги забележуваа птиците, некои поставија хранлики за птици на прозорците или балконите за да ги „намамат“ поблиску и да уживаат во нивните лудории од дома. За разните грижи, трагедии и ограничувања што ги претрпевме, природата ни обезбедуваше утеха и ни ги пренасочуваше мислите во позитивни насоки. Птичарењето е славење на живото – радост за состојби кои се случуваат во еден миг, уживање во природата и тоа на нас делува закрепнувачки. Но, дали е ова само перцепција или навистина птиците и природата му користат на нашето ментално здравје? Има сè повеќе научни докази дека тоа е така – особено за луѓето кои живеат во урбанизирани места. Една студија од 2017 година објавена во BioScience измери различни карактеристики на природата во урбаните населби и откри дека вегетациската покривка и изобилството на птици во попладневните часови се позитивно поврзани со помала преваленца на депресија, вознемиреност и стрес. Наодите беа толку јасни што истражувачите всушност можеа да стават број на минималната количина на вегетациска покривка потребна за да се намали секое прашање за ментално здравје: 20% за депресија, 30% за вознемиреност и 20% за стрес. Студија од 2020 година објавена во Еколошка економија стави буквална цена за биолошката разновидност на птиците. Студијата користеше информации од Европското истражување за квалитетот на животот во 2012 година за да го спореди нивото на задоволство на повеќе од 26.000 возрасни лица со разновидноста на птиците што се наоѓаат околу нивните домови. Резултатите покажаа јасна корелација помеѓу среќата и бројот на видови птици. Всушност, беше откриено дека птиците се исто толку важни за човечката благосостојба како и финансиската сигурност. Според нивните пресметки, да се биде близу 14 дополнителни видови птици обезбеди задоволство исто како и да заработите дополнителни 150 американски долари месечно. Не постои начин да се знае дали самите птици го предизвикале овој феноменален ефект, или фактот дека нивната разновидност е показател за други природни карактеристики како шуми, реки и езера.

Постер со птици од Северна, Средна и Јужна Америка

Постер со птици од Источна Азија и Австралија

Постојат бројни аргументи во корист на птиците. Птиците се едни од највидливите (и најчувствителни) членови на животинскиот свет, и многу често се присутни во нашиот секојдневен живот, потсетувајќи нè дека има повеќе во животот отколку урбаната мака. Има дури и докази дека песната на птици може да ни помогне да се излечиме од стресот. Студија од 2013 година објавена во весник за еколошка психологија интервјуираше дваесет учесници и откри дека песната на птиците е тип на природен звук што најчесто го поврзуваат со закрепнување од стрес и подобрување на вниманието. Интервјуираните учесници раскажаа дека песната на птиците покрај тоа што и сама по себе е милозвучна ги потсетува и на релаксирачки природни пејзажи. Можеби изгледа чудно да се претстави убавината и инспирацијата на природата на таков научен – некои може ќе кажат и бездушен начин. Како може да се наплати загриженоста за крилото на повреден гулаб или да се напише рецепт за будење во хорот на зората? Но, вистината е дека таквата статистика сега е поважна од кога било. ОН проценуваат дека 54% од светското население живее во урбани средини, и тој процент расте постојано. Сè повеќе од нас живеат животи одвоени од природата – но благодарение на ваквите студии, градските планери имаат конкретни докази дека зелените површини навистина се важни. Особено кога знаеме дека маршот за развој на човештвото се соочува со колапсот на животната средина. Ваквите информации треба да им укажат на владите и бизнисите дека приоритетот на животната средина има мерливи економски и здравствени придобивки ќе им помогне да донесат одлуки што можат да ја спасат планетата.

На лично ниво, природата и птиците се потсетник за посветување време за себе, дека да се биде околу природата не е несериозно поминување на времето или неважно хоби. Тоа е нешто што може многу да го подобри нашето здравје и благосостојба. Затоа, направете го тоа веќе викендов, не одложувајте, качете се каде што планиравте, посетете локална водна површина или дури само прошетајте за време на ручек во блискиот парк. Ако ви треба изговор, 8-10 октомври оваа година е Глобален викенд за птици, каде што птичарите ширум светот ќе излезат да ги слушнат и видат сите птици во нивната област. Придружете ни се да ги набљудуваме чудата на сезоната на миграција, знаејќи дека тоа ќе ви го подобри и здравјето.

Ние од МЕД ви ветуваме дека ќе ви ги одговориме сите прашања за птиците или природата кои може да ви се појават по престојот во природа.

Зачлени се во МЕД

 

 

 

Start typing and press Enter to search