Распространување и конзервациски статус на реликтниот папрат Ophioglossum vulgatum на планината Кожуф – Ана Варелова

Локалитетот Гингер Чешма

При овој чекор од проектот се соочивме со предизвици, за чие надминување беше потребно многу учење и  теренска работа, меѓутоа со одлична тимска соработка, го постигнавме посакуваниот резултат. Во оваа фаза се спроведоа теренските активности за да се определи типот на живеалиште. Паралелно со теренските истражувања, се одвиваше и детерминацијата на претходно собраниот материјал. Детерминираните растенија се од фамилиите: Cyperaceae, Juncaceae, Orchidaceae, Poaceae, Saxifragaceae, Crassulaceae и Boraginaceae. Значајно е да се нагласи дека растението е регистрирано на уште еден локалитет – Алчак.

Mерење на површина за изработка на фитоценолошка снимка

Ако се земе предвид дека типот на живеалишта што ги населува ова растение денес се силно зафатени од антропогени активности, меѓутоа и од изразените климатски промени, може да се заклучи дека овој реликтен вид може  лесно да исчезне од флората на нашата земја. Имајќи ги предвид информациите за сѐ поинтензивни антропогени активности на Кожуф, преземањето на мерки за заштита на папратот стануваат  императивни.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top