Проектите за одржливо пчеларство и сточарство на Шар Планина што ги спроведуваат организациите Центар за едукација и развој и Дива Перуника а се поддржани од проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник“ предновогодишно доделија опрема за модернизација на пчеларите и сточарите од Шар Планина.
Вкупно 14 пчелари и сточари добија опрема. Пчеларите беа поддржани со центрифуги и фертилизатор додека 8 сточари беа поддржани со инокс садови, бојлери на плин и агрегати.
Во рамки на двата проекти предвидено е и инсталирање на соларни панели и електрична ограда за заштита од диви животни, но оваа опрема ќе биде поставена во пролет 2023 година на високопланински бачила.
Според Метин Муареми од ЦЕД, опремата иако е симболична сепак е многу значајна за сточарите кои ги одржуваат овие традиционални практики во регионот. За Билјана Филиповска пак, соработката со пчеларите на Шар Планина е она што треба да се негува и по завршувањето на ваквите проекти.
Проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник“ освен проекти за земјоделство поддржува и проекти за туризам и култивирање. Вкупно 14 модел проекти се поддржани во Македонија, Косово и Албанија
Македонско еколошко друштво овој проект го спроведува во партнерство со Еуронатур, Германија и локалните партнери CNVP, Kосово и PPNEA Албанија. Активностите на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник се поддржани од Германската фондација за животна средина ДБУ и добротворната фоднација ЈЕНСЕН.