Во септември 2021 година проектните координатори на регионалниот проект „Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб-Коритник“ го одржаа својот прв состанок во живо во Пешкопеа, Албанија и разменија мислење за проектните активности и модел проектите кои се спроведуваат во трите земји.

„Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб-Коритник“ е нов проект којшто МЕД го започна во април 2021 година а ќе се спроведува до септември 2023 година. Главен фокус на проектот е локалното население од регионот Шара/Кораб-Коритник како главен двигател за регионален развој а истовремено и чувар на биодиверзитетот и пределската разновидност.

Слика на: Hajrush Kurtaj

Во рамки на овој проект поддржани се вкупно 13 модел проекти на локални организации од кои 4 проекти во Македонија, 5 во Косово и 4 во Албанија. Проектите се на тема: пчеларство, сточарство, култивирање и туризам.

Во септември беа посетени и сите поддржани модел проекти од страна на Еуронатор како водечка организација во проектот.

Проектот е финансиски поддржан од Германска федерална фондација за животна средина, DBU и Хуманитарната фондација Aage V. Jensen.

Слика на: Ф.Пандурска

Слика на: Олси Лама

 

Start typing and press Enter to search