Со цел да се подигне свесноста кај сите засегнати чинители за садење на медоносни растенија кои го поддржуваат животот на пчелите и процесот на производство на мед, Словенечкиот пчеларски сојуз во ноември 2021 го започна проектот „Ден за садење медоносни растенија“ (Dan sajenja medovitih rastlin/Day of planting honey

plants). Целта на проектот е да се засадат што повеќе медоносни растенија, од страна на љубители на природата и заинтересирани општествени чинители. На меѓународно ниво, идејата е поддржана од голем број на организации, кои се вклучија на акцијата за садење на медоносни растенија, што се одржа на 26.03.2022 година. Досега, повеќе од 100 организации од 21 држава ја поддржаа оваа активност и се вклучија активно во активностите за нејзиното спроведување.

Македонското еколошко друштво во координација со Програмата за зачувување на природата, се вклучи во организацијата на обележувањето на Денот за садење медоносни растенија, поддржувајќи ја иницијативата за подобрување на состојбите со зачувување на биолошката разновидност и заштита на автохтоните видови со засадување 150 садници од различни медоносни растенија, кои ги обезбеди Програмата за зачувување на природата. Оваа активност се спорведе на еден од развојните пчеларници на Меден Исток кој се наоѓа во селото Моштица во близина на Македонска Каменица. Беа засадени садници од даб плоскач и горун (Quercus frainetto и Quercus pubescens), питом костен (Castanea sativa), горски јавор (Acer pseudoplatanus) и црн јасен (Fraxinus ornus). МЕД освен со директно учество во самиот процес на садење, обезбеди и поддршка со конкретни насоки и препораките за садење, значењето за садење автохтони видови и начинот на одгледување, нега и поддршка на растот на растенијата.

Садењето медоносни растенија треба да се врши континуирано и во секоја прилика, но треба да се  внимава и во изборот на растенијата кои се садат. При пошумувањето треба да се садат автохтони -нативни видови дрвенести и грмушести растенија, кои се развиваат на нашето поднебје и се карактеристични за самата област каде се врши обновувањето на вегетацијата. Садењето алохтони – туѓи видови, кои се не се развиваат природно во даденото подрачје и се воведуваат од други земји, не се препорачува и оваа пракса треба полека да се напушта, бидејќи ваквите воведени растенија, многу лесно го населуваат просторот и можат да ја нарушат постоечката рамнотежа, а со тоа да предизвикаат и други несакани еколошки и економски последици.

 

Start typing and press Enter to search