Натпревар за фотографии од дива орхидеа за календарот на Македонско еколошко друштво 2024
Периодот за учество на овој натпревар е од 17 ноември 2023 година до 28 ноември 2023 година.
Какви фотографии може да учествуваат
За да бидат прифатени во натпреварот фотографиите мора да прикажуваат цела или дел од дива орхидеја која е сликана во природа во Македонија (не се прифаќаат слики од култивирани орхидеи).
МЕД ги охрабрува сите фотографи кои сликаат природа да бидат одговорни во своите постапки и затоа нема да прифати фотографии кои:
- Прикажуваат диви орхидеи кои се скинати, отстранети со корен или на друг начин оштетени од страна на фотографот.
Жири:
Жирито се состои од вработени на МЕД и членови на Собрание. Жирито анонимно ќе ги разгледува фотографиите кои ќе бидат пријавени.
Награди
Жирито ќе одбере 12 фотографии кои ќе бидат наградени. Наградите немаат парична вредност и ќе се состојат од пофалница, литература, промотивен материјал од МЕД и можноста да се приклучите и да ги фотографирате теренските истражувања на МЕД.
Сите избрани фотографии ќе бидат искористени за дизајнирање на Календарот на МЕД за 2024 година. Овој календар ќе им биде доставен на сите чии фотографии ќе бидат одбрани, на сите членови на МЕД кои ќе го побараат и на значајни контакти на МЕД од Македонија и странство. Доколку сакате да се зачлените кликнете тука.
Прогласување на победници
Победниците на натпреварот ќе бидат објавени на 01.12.2022 на сајтот на МЕД и соодветните социјални медиуми.
Општи правила
Со поднесувањето на фотографија на Натпреварот за фотографија од дива орхидеја на Македонско еколошко друштво се согласувате на следново:
- Вие имате единствено сопствеништво на фотографијата и сите нејзини права. Никаква права поврзани со фотографијата не се дадени на други лица, организации, фирми или ентитети. Ниту еден дел од сликата не оцрнува, навредува или ги нарушува правата на некоја личност.
- МЕД ќе се здобие со трајно не-ексклузивно бесплатно право на користење на фотографиите кои ќе бидат пријавени за цели поврзани со подигнување на профилот на организацијата, промовирање на работата на организацијата и промовирање на натпреварот во следните години. МЕД е невладина и непрофитна организација и вашата фотографија нема да се користи за цели за создавање на профит или било какви други комерцијални цели. МЕД ќе може да ја користи фотографијата во целост, делумно или со промени. Вашето име ќе биде назначено при секоја употреба на фотографијата, освен ако не побарате поинаку.
- Вашите податоци да бидат искористени за внатрешни потреби на МЕД поврзани само со организацијата на овој натпревар.
Како се учествува:
Фотографиите треба да се пријават на contact@mes.org.mk
Еден учесник може да поднесе повеќе фотографии. Доколку учесник поднесе повеќе од една фотографија во предвид ќе бидат земени сите но нема да бидат одбрани повеќе од две фотографии од еден автор.
Фотографиите мора да ги исполнуваат следниве стандарди:
- Мора да прикажуваат цел или дел од дива орхидеа сликана во природа во Македонија
- Не смее да надминува големина од 8 мегабајти
- Да биде испратена во JPG формат
- Да ги содржи сите дополнителни информации (име на видот на орхидеата, локација и датум на фотографирање)
- Дозволена е основна обработка на фотографиите кој вклучува кратење, контраст, осветлување, боја и интензитет. Не е дозволено додавање на дополнителни елементи (лого, потпис, рамка, бордура или слично)