Во периодот од 31.10 до 02.11.2022 година во Маврово ја одржавме првата тридневна работилница со тимот кој ја претставува Мрежата за искуствено учење и спроведување на првата годишна програма за едукација за животната средина и климатски промени. Оваа мрежа ќе работи на изготвување на нови едукативни методи и материјали кои на искуствен начин ќе ја доближат науката за животна средина и климатски промени. Истовремено, мрежата дефинира и начини на кои ќе функцинира и како ќе делува во иднина. Со таа цел работевме на нашиот тимски дух како и стратешките документи кои ќе не водат низ наредните чекори.
Тимот на мрежата го претставуваат вработени од сите партнерски организации: Едукативен центар за зачувување на природата, Негрево; Приронаучен Музеј; Народна техника на Град Скопје; ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид; Ботаничка градина, ПМФ и НП Галичица а партнери во процесот ни се и СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје.
Проектот „Воспоставување мрежа за искуствено учење и спроведување на првата годишна програма за едукација за животната средина и климатски промени“ го спроведува МЕД, а е во координација UNICEF со обезбедена финансиската поддршка од Шведска.