Ние како еколози со години работиме на зачувувањето на дивите животни и нивните хабитати а само еден инцидент со труење може да истреби цели колонии на мршојадци, како што и се случи кај нас. Слични примери има насекаде низ Балканот, од убивањето на тукушто интродуциран црн мршојадец во Бугарија до комбинираната закана во Грција. Смртта на сите овие животни сепак не е залудна.
Поради сите овие инциденти зачувувањето на дивиот свет преку спречување на труење, ловокрадство, поставување на замки, електрокуција и илегална трговија станаа приоритет за регионот. Сите криминални дела кои ги набројавме се сериозни но често се занемаруваат и сторителите ретко кривично се гонат. Ова се случува зошто жртвите се безгласни и немоќни, сè додека ние не почнеме да се грижиме за нив и да зборуваме во нивно име. Дополнителен проблем претставува и фактот дека истражителите кои треба да работат на овие случаи се соочуваат со препреки како недостапни терени, сцени со докази кои брзо исчезнуваат, несигурни сведоци, отсуство на протоколи и недостаток на соодветна обука. Затоа итно треба да се постават приоритети за спречување на вакви криминални дејства преку подобрување на истрагите и донесување на успешни пресуди – неказнивоста е како дозвола за и понатаму да се убиваат диви животни. Едно дел од решението е Академијата за спречување на криминални дејствија против дивиот свет која придонесува кон зголемување на познавањата и промена на ставовите со цел криминалот против дивите животни да се третира исто како секое друго криминално дејство.
Минатата недела во Шпанија тамошната влада и меѓународната невладина организација Фондацијата за зачувување на мршојадците го одржа основниот курс на првата Академија за спречување на криминални дејствија против дивиот свет во рамките на проектот Балка Детокс Лајф во кој учествуваме и ние. Триесет и четири професионалци кои работат на зачувување на природата, спроведување на законот и форензичката наука допатуваа до Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Хрватска, Грција, Македонија, Србија и Шпанија за да бидат обучени за најновите методи за истражување на криминални дејства против дивиот свет, од истрага на местото на злосторот, преку форензички анализи до финалните процедури во Суд.
Министерството за внатрешни работи на Андалузија великодушно го сподели своето искуство и сите најдобри практики кои ги користат. Сите учесници на првата обука ќе бидат поканети (доколку ги положат испитите) на напреден курс кој е предвиден за есента а кој ќе биде насочен кон специјализирање според соодветната организација или улога во која делуваат.
Целта на Академијата е колку може повеќе луѓе во Европа, а подоцна и светот, да имаат можност да бидат соодветно обучени за спречување на загубата на диви животни во криминални дејствија.