Скопје, 09 јуни 2022г. – Германската фондација за животна средина (Deutsche Bundesstiftung Umwelt) на 20 јуни во 12 часот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ (амфитеатар бр.16) ќе одржи Информативна сесија во врска со отворениот конкурс за стажирање или истражувачки престој од 6 до 12 месеци во Германија.
МЕД ги поканува заинтересираните студенти со завршени магистерски студии да ги постават своите прашања на претставниците на Мрежата за стипендии на ДБУ. Работен јазик на сесијата ќе биде Англиски.
Програмата за стипендии поддржува најширок опсег на професии, под услов предлог-проектот да биде од областа на заштитата на животната средина, екологијата, одржливиот развој, климатските промени или обновливите извори на енергија.
Крајниот рок за аплицирање на програмата е 5 септември 2022 година. Повеќе детали за програмата може да прочитате на следниот линк.
EN: https://www.dbu.de/2923.html
Координатор на програмата за стипендирање на ДБУ од Германија
Милица Јованова, ДБУ Германија
Email: Jovanova.mk@gmail.com
Tel: +4915150712990
Контакт лице од МЕД за програмата
Фросина Пандурска-Драмиќанин
pandurska@mes.org.mk