На 6ти септември 2023 година, во НП „Маврово“, МЕД во координација со Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (IUCN ECARO) и соработка со организацијата за заштита и зачувување на животната средина во Албанија (ППНЕА), со поддршка на македонското Министерство за животна средина и просторно планирање, организираше настан за промоција и започнување на проектот „Иницијатива за северни шуми: Обнова на шумите во Северна Македонија и Албанија“.

 

На настанот учествуваа повеќе од 60 претставници од релевантните министерства, локални самоуправи, научна фела, управувачи на заштитени подрачја, претставници на невладини организации и медиуми од Северна Македонија и Албанија.

 

Како дел од глобалната „Иницијатива за северни шуми“ финансирана од Фондацијата на шведската поштенска лотарија, проектот има за цел да придонесе кон обновувањето и  зачувувањето на особено важни шуми во Албанија и Северна Македонија и да ги зајакне капацитетите и посветеноста на локалните, регионалните и националните засегнати страни за одржливо управување со шумите.

 

Воведувањето на решенија базирани на природата (Nature-based Solutions), ќе овозможат обновување на шумскиот пејзаж во значајни области за зачувување на балканскиот рис, особено Буковиќ во Северна Македонија и Паштрик-Морина во Албанија, со што  се очекува намалување на натамошното губење на шумите преку ревитализација на клучните предели на биолошката разновидност, надвор од заштитените подрачја. Се очекува со реализација на проектните активности во двете земји, да се изврши обнова на 40 хектари шумска површина.

Start typing and press Enter to search