Во рамките на меѓународниот проект „Grain boundaries engineered Nd-Fe-B permanent magnets – RECO2MAG” организиравме работилница под наслов „Важноста на рударскиот и металуршкиот отпад како потенцијален извор на метали во Западен Балкан” , која се одржа на 25-ти октомври 2023 година, во хотел Карпош во Скопје. Работилницата имаше за цел да се презентираат можностите за искористување на секундарните минерални суровини за производство на метали и високотехнолошки профитабилни производи. Во рамките на Работилницата беа одржани 4 предавања од страна на д-р Роберт Шајн и д-р Јасминка Алијагиќ од Геолошкиот завод на Словенија и проф. д-р Ивица Ристовиќ од Рударско-геолошкиот факултет при Универзитетот во Белград:

–        Загадување на почвите како резултат на рударски и металуршки активности (примери од поранешна Југославија);

–        Секундарните наоѓалишта како потенцијален извор на реткоземјени елементи (REEs) во регионот на Западен Балкан;

–         Важноста на рударскиот и металуршкиот отпад како потенцијален секундарен извор на метали на Западен Балкан;

–        RECO2MAG: Границите на зрната за конструирање на перманентни магнети Nd-Fe-B.

На Работилницата присуствуваа голем број на учесници од различни институции и министерства, како и претставници на индустријата и академијата. Во дискусијата по презентациите беа искажани различни можности и потенцијали за искористување на секундарните минерални суровини, посебно оние настанати од рударските и металуршките активности (со посебен осврт на оние во С. Македонија) кои сега претставуваат потенцијален извор на загадување на животната средина.

Start typing and press Enter to search