Како дел од Иницијативата за северни шуми: „Обнова на шумите во Албанија и Северна Македонија“, беше спроведено теренско истражување за социо-економската состојба во областа Буковиќ.

E.C.O со поддршка на локални експерти од Факултетот за шумарски науки, спроведува ROAM анализа за оценка на планината Буковиќ, базирана на деск анализа и собрани податоци од терен за да се идентификуваат соодветни опции за пошумување и за приоритетни места за обнова на шумите. Оценката се спроведува во соработка со националните и локални засегнати страни. Нивната улога исто така е да го поддржат обновувањето на шумите, и градење на капацитетите во областа за обнова на шумите.

Во областа Буковиќ има 19 села, со вкупно 2.556 жители. Целата површина изнесува 14.504 хектари, а областа која се пошумува 776 хектари. Станува збор за земјиште во сопственост на државата, управувано од Јавно претпријатие Национални шуми – Гостивар и Кичево.

Интервјуата беа спроведени во 12 од 19-те села, по метод на близина до областа за пошумување. Селата во кои е спроведена анкетата се: Сретково, Падалиште, Папрадиште, Бериково, Јагол, Букојчани, Мидинци, Колари, Тајмиште, Горна Ѓоновица, Долна Ѓоновица и Србиново.

Населението во овој регион доминантно е машко, односно 75.3 отсто се мажи, а 24.7 отсто жени.

Најмладиот жител има 24 години, додека најстариот 81 година, просечната возраст е 51.5 години.

Нема ниту еден студент, 54,7 отсто се вработени, 17.5 отсто се невработени, а 17.5 отсто се пензионери.

Кога станува збор за образованието на населението, 11.7 отсто од нив се со основно образование или помалку, 49.4 отсто се со средно образование, 2.4 отсто се помеѓу средно и високо образование, 30.6 отсто се со високо образование, додека 5.8 отсто се со повисок од прв степен на високо образование.

57.6 отсто од луѓето кои таму живеат се таму родени, 14,1 отсто од луѓето живеат таму повеќе од 30 години, 5.8 отсто живеат таму меѓу 16 и 30 години, 3.5 од луѓето живеат таму меѓу 6 и 15 години, 18.8 отсто од жителите живеат во областа помалку од 5 години.

Најмалото домаќинство има само еден жител, најголемото има 13 жители, а просечното домаќинство има петмина.

  • 68.2 отсто од земјиштето во областа Буковиќ е агрикултурно
  • 22.4 отсто од земјиштето е под концесија
  • 16.5 отсто од земјиштето се користи за полјоделски активности
  • 19 отсто пријавиле проблем со непристапност на земјиштето

Во областа се чуваат 497 крави, 3.432 овци и ниту една коза. Има 82 пчеларници, од кои само 16 во Колари.

27 отсто од земјиштето е во приватна сопственост, само 12 сопственици поседуваат 52 отсто од шумите.

Ниту еден од анкетираните жители не пријавил дека заработува од сеча и продажба на дрва, или други шумски плодови.

Меѓу идентификуваните проблеми за пристапност до земјиштето, жителите ги наведуваат обраснатоста на теренот, неразрешени сопственички права врз парцелите, катастарски проблеми и инфраструктурни препреки.


Од анкетираните, 95 отсто изјавиле дека се свесни за придобивките од шумата. Тие изјавиле дека ја користат шумата за неколку цели, меѓу кои планинарење, кратки прошетки во природа за чист воздух, собирање на други шумски плодови како што се печурки, костени, тревки, малини, капини, шипки, ореви, огревно дрво и други видови на рекреација.

Шумите се сметаат за високо важни од 99 отсто од анкетираните жители на Буковиќ.

Сепак 96 отсто од анкетираните имаат перцепција дека територијата на шумата се намалува.

Македонка Стојановска предлага решавање на прашањата околу сопственоста на земјиштето со зголемување на свесноста за правата на земјишната своина преку целенасочени кампањи за свесност и иницијативи за изградба на капацитети.

Поттикнување на практики за одржливо управување со шумите меѓу приватните сопственици на шуми преку обуки, техничка поддршка и финансиски инцентиви.

Потпомагање на алтернативни опции за живот, како што се одржување на пчеларство и собирање на производи од не-дрвната шумска продукција, за да се разнообразат изворите на приходи и да се намали зависноста од шумските ресурси.

Start typing and press Enter to search