Македонско еколошко друштво ги избра победниците од конкурсот за избор на фотографии кои ќе бидат дел од календарот за 2024 година.

Победници се:

  1. Мирјана Ѓоргиевска
  2. Лина Гегоска
  3. Вања Тасевска
  4. Марко Наумовски
  5. Весна Трајковска
  6. Славе Накев
  7. Јанинка Ѓорѓиева Костадиноска
  8. Боби Кузмановски
  9. Слободан Христовски
  10. Страшо Даов

Согласно критериумите за учество во натпреварот,  фотографиите мораше да прикажуваат цела или дел од дива орхидеја која е сликана во природа во Македонија. Во натпреварот не се прифаќаа слики од култивирани орхидеи.

Жирито кое се состои од вработени на МЕД и членови на Собрание, ги разгледа фотографиите кои беа пријавени и ги избра оние кои ќе бидат дел од календарот за 2024 година.

Наградите немаат парична вредност и се состојат од пофалница, литература, промотивен материјал од МЕД и можноста да се приклучите и да ги фотографирате теренските истражувања на МЕД.

Сите избрани фотографии ќе бидат искористени за дизајнирање на Календарот на МЕД за 2024 година. Овој календар ќе им биде доставен на сите чии фотографии ќе бидат одбрани, на сите членови на МЕД кои ќе го побараат и на значајни контакти на МЕД од Македонија и странство.

Општи правила

Со поднесувањето на фотографија на Натпреварот за фотографија од дива орхидеја на Македонско еколошко друштво, учесниците се согласуваат со следново:

Вие имате единствено сопствеништво на фотографијата и сите нејзини права. Никаква права поврзани со фотографијата не се дадени на други лица, организации, фирми или ентитети. Ниту еден дел од сликата не оцрнува, навредува или ги нарушува правата на некоја личност.

МЕД ќе се здобие со трајно не-ексклузивно бесплатно право на користење на фотографиите кои ќе бидат пријавени за цели поврзани со подигнување на профилот на организацијата, промовирање на работата на организацијата и промовирање на натпреварот во следните години. МЕД е невладина и непрофитна организација и вашата фотографија нема да се користи за цели за создавање на профит или било какви други комерцијални цели. МЕД ќе може да ја користи фотографијата во целост, делумно или со промени. Вашето име ќе биде назначено при секоја употреба на фотографијата, освен ако не побарате поинаку.

Вашите податоци да бидат искористени за внатрешни потреби на МЕД поврзани само со организацијата на овој натпревар.

Еден учесник можеше да поднесе повеќе фотографии. Доколку учесникот поднел повеќе од една фотографија во предвид беа земени сите, но не и да бидат одбрани повеќе од две фотографии од еден автор.

Фотографиите мораше да ги исполнуваат следниве стандарди:

Мора да прикажуваат цел или дел од дива орхидеја сликана во природа во Македонија

Не смее да надминува големина од 8 мегабајти

Да биде испратена во JPG формат

Да ги содржи сите дополнителни информации (име на видот на орхидејата, локација и датум на фотографирање)

Дозволена беше основна обработка на фотографиите која вклучува кратење, контраст, осветлување, боја и интензитет. Не беше дозволено додавање на дополнителни елементи (лого, потпис, рамка, бордура или слично).

Start typing and press Enter to search