Како што теренските истражувања се приближуваа кон крајот, така се повеќе се задлабочувавме во убавините кои ги нуди Кожуф. Предводени од желба и амбиција за научно- истражувачка работа одлучивме да ги истражиме добро скриените и неупадливите водни и влажни станишта на планината. За лабораториска анализа беа подготвени трајни препарати за кои престои микроскопска идентификација. Во овие анализи се очекува да се регистрираат интересни, ретки и нови видови на дијатомеи за Македонија. Несомнено регионот на планината Кожуф се карактеризира со голем диверзитет на станишта што претставува добра основа за развој на богата флора на дијатомеи која имавме можност дел од истата да ја истражиме и осознаеме.

Високопланинско тресетиште

Алпско езерце

Сфагнумско тресетиште

“When one tugs at a single thing in nature, he finds it attached to the rest of the world.” ― John Muir

 

Start typing and press Enter to search