Во текот на месец Јули, Август и Септември нашиот тим реализираше повеќе од 15 теренски активности. Од посебна важност беше посетата на локалитетите Црно Езеро и Рудока. Успеавме да колекционираме нови материјали од родот Lathrobium sp.(Рудока) кој најверојатно претставува нов вид за науката. Исто така, во два наврати беше колекциониран материјал на локалитетот Лешница поради тоа што има индикации дека нашиот тим (23.08.2020) има откриено два нови видови за науката (Pygoxyon sp. и Dicentrius sp.)

Црно Езеро, Рудока

Црно езеро

 

 

 

 

 

 

 

 

Најголем предизвик претставуваше интензивната теренска работа на локалитетите Лешница, Караникола, Скакалица и Црно Езеро. За само 5 дена, со поминати повеќе од 70км, истражувани беа 5 различни хабитати на овие локалитети (варовнички камењари, рипариски камењари, силикатни камењари, букови шуми, смрчови шуми). Редовно се следеше составот (преку просејување на шумската простирка), динамиката и структурата на фауната на краткокрилците. Очекуваме возбудливи резултати, како од теренската, така и од лабораториската работа. Многу е веројатно дека Шара претставува дом за многу повеќе ендемични видови на краткокрилци, а нашата работа веќе и го потврдува истото.

Фото-замки

Просејување

Start typing and press Enter to search