Книгата „Македонско непроценливо богатство – генетски диверзитет на грав (Phaseolus sp.)“ ќе ве запознае со светот на гравот: од каде потекнува, како се одомаќинил, колку видови и типови на грав има, каде се чуваат колекциите со генетски ресурси од грав, со какви ресурси располага Северна Македонија, каде и колку се одгледува и користи, како да го одгледувате во градините, каква е нутритивната вредност на гравот и ефектите врз здравјето и ќе ве мотивира да пробате некои поразлични јадења од грав.
Публикацијата содржи каталог со вкупно 541 фотографија од различни примероци на македонски локални сорти од грав (435 од грав, 76 од грав што се одгледува за боранија и 30 од крупен грав). Се надеваме дека фотографиите ќе ве мотивираат да го одгледувате и почесто да го конзумирате гравот. Така ќе придонесете за зачувување и одржливо искористување на извонредната разновидност на македонскиот грав.
Книгата е достапна за сите на македонски, албански и англиски и можете да ја разгледате тука:
Книгата е достапна и за преземање во целост на истите три јазика:
Публикацијата ја изработивме во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка – Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ).