(11.06.2021) Денеска на Светскиот ден на рисот сакаме да се фокусираме на потребата за едукација на сите ученици од Македонија за екологијата на балканскиот рис и улогата која секој од нас ја има во неговото зачувување. Уште од самиот почеток нашиот тимот кој работи на зачувувањето на балканскиот рис спроведува едукативни активности за волонтерите, организациите и институциите со кои соработува а повеќе од пет години спроведуваме и целна едукација во основни училишта во најзначајните региони. Оваа едукација се спроведува од страна на обучени наставници кои го користат нашиот бесплатен едукативен комплет на лекции и вежби. Досега посетивме 14 основни училишта од 19 населени места или повеќе од 1700 ученици! Најголем број од училиштата кои ги посетуваме се наоѓаат во предели каде е потврдено присуство на рис, но сме посетиле и училишта надвор од тие предели.

Низ годините развивме многу едукативни материјали кои поддржуваат неформално образование – од брошури, прирачници преку презентации и видео материјали, сите се достапни бесплатно за сите кои се заинтересирани. На нашиот јутјуб канал можете да погледнете повеќе документарни филмови.

Со цел да ја зајакнеме соработката и размената на искуства спроведуваме обуки и за сите институции со кои соработуваме (од национални паркови до ловечки друштва) како и за невладините организации со кои имаме слични цели. Овие обуки најчесто воведуваат нови методи на истражување – фотозамки, радиотелеметрија, географски информатички системи и употреба на дронови.

Најинтензивна е сепак обуката која ја добиваат волонтерите кои работат на Програмата за зачувување на балканскиот рис. Оваа обука е толку посакувана што за неа се води листа на чекање и досега ја поминаа волонтери и стажанти од Македонија но и од Германија, САД, Франција, Италија и Шпанија. Два волонтери кои се сега и самите дел од тимот на МЕД.

 

 

Доколку сакате да знаете повеќе за меѓународната работа на тимовите за зачувување на балканскиот рис преземете го последниот број на билтенот:

Македонски јазик    Англиски јазик      Албански јазик

Доколку сте заинтересирани за дополнителни едукативни материјали за рисот контактирајте го тимот на МЕД!

Start typing and press Enter to search