На почетокот на декември ја организиравме Годишната средба на членство. За да можеме да се видиме со повеќе членови, средбата ја испланиравме и реализиравме во две сесии, една од 13 часот и друга од 17 часот. На средбата во кратки презентации споделивме што сме работеле изминатата година, развивме одлична дискусија со членовите и ги ислушавме нивните видувања во врска со нашата работа. Доделивме и благодарници на победниците од натпреварот за фотографии од инсекти или пајаци организиран од наша страна, а чии фотографии ќе го разубават нашиот календар за 2023 година.

 

Меѓу другото, на наше големо задоволство најпосле дојде време и да ја доделиме наградата (телескоп за набљудување птици) на наставникот Никола Костовски од ООУ „Гоце Делчев“ од Демир Хисар, за освоено второ место на Европскиот натпревар за едукативни програми на птици преселници од иницијативата “Пролетта доаѓа”.

Освен прекрасната дружба и убавите подароци кои ги спремивме за присутните, споделивме и изненадување поврзано со рисот – кратко видео во кое беше прикажан целиот процес на заловување на оваа наша многу значајна дива мачка. Инаку за видеото, односно за неговата целосна монтажа и благодариме на Лена Сумпазис, волонтерка од Германија и дел од тимот на рисаџии. Учесниците на настанот имаа и прва прилика да го погледнат краткото видео за педесет годишнината на МЕД и да ги чујат нашите заложби за следните години.

Се надеваме дека промените за членовите кои ќе ги воведеме од следната година ќе им годат нашите членови и дека ќе продолжите да ни се јавувате со нови идеи и коментари.

Start typing and press Enter to search