Првото заштитено подрачје на истокот – Осогово е домот на еден пар на египетски мршојадци кој со години гнезди во карпестите предели на планината, кои сега се дел од строго заштитената зона.
Токму затоа на Светскиот ден на птиците преселници и таму организиравме едукативен настан. Бројот на учесници беше ограничен на само 30 планинари и љубители на природата од повеќе планинарски друштва. Турата беше испланирана така што би се поминале и разгледале повеќе хабитати кои се важни за животот на мршојадците, пределите каде се храни, одмора и прави гнездо. Регионот во кој се наоѓа гнездото и каде се одвива парењето и одгледувањето на младите е еден од најважните делови на овој заштитен предел.
Дел од нашите биолози експерти ги презентираа и објаснуваа природните вредности кои ги има на Осоговските планини а учесниците имаа шанса да ги тестираат и новите планинарски патеки. Овие патеки допрва треба да бидат означени и опремени со информативни табли кои ќе ги едуцираат новите посетители.
Персоналот на новото управувачко тело на заштитениот предел е исто така обучен за тоа како да се однесува во пределите кои се важни за египетскиот мршојадец, како да ги насочуваат посетителите и кои предели имаат многу ограничен пристап.
За детални информации околу светските напори за зачувување на египетскиот мршојадец посетете го проектниот вебсајт тука