[:mk]

Приказната за грдото пајче на сите Ви е сигурно добро позната, но во реалност пајчињата не само што не се грди, туку се симпатични особено кога како мали се возат на грбот на својата мајка. Веројатно се нарекуваат грди бидејќи како мали, ја немаат ни приближно убавината на своите родители. А можеби се работи едноставно за вкус, кому и што му е убаво или грдо, а за вкусовите, нели, не вреди да се дискутира. Во таа приказна, пајчето е всушност лебед, една од најубавите птици на светот. Ова е нашата приказна лебедите.

Лебедите се најголемите водни птици кои живеат во нашитете краеви, иако можат да се сретнат речиси во целиот свет. На копно се движат доста несмасно, но во вода се одликуваат со исклучителна грациозност и достоинство. Телото им е целосно покриено со прекрасни бели пердуви кои понекогаш можат да имаат црни врвови. Можеби зато се верува дека тие се симбол на светлината. Покрај бели, постојат и црни лебеди, кај кои пак врвовите од крилјата можат да бидат бели. Клуновите кај најмногу видови лебеди се црвени, а вратовите им се долги и свиткани во форма на лак. 

Бидејќи освен шиштење и сиктање не испуштаат други звуци,  се смета дека дека лебедите се птици кои никогаш не пеат. Имаат мали и куси нозе, но голем распон на крилја кои достигнуваат до 2 метри. Силните грбни мускули им овозможува да прелетаат и повеќе од илјада километри со брзина од 60-80 километри на час. Лебедите се хранат воглавно со водни растенија, но на менито можат да им се најдат и мали рипчиња, жаби, црви, полжави или некои инсекти.  

Љубовниот живот на лебедите е многу страстен. Женката прва му приоѓа на мажјакот кој ја прифаќа нејзината покана и заедно нуркаат во вода и ги доближуваат своите вратови еден до друг. Чин кој означува потполно предавање еден кон друг. Кога еднаш ќе се спарат, остануваат заедно до крајот на животот. Резултатот на љубовната игра на лебедите се младенчињата.  Гнездото го градат обата родители – мажјакот носи градежен материјал, а женката го гради гнездото. Лебедите се брижни родители, па заедно се грижат за младите цела година. Мажјакот е вистински чувар на својот дом, па не дозволува никому да се приближи до гнездото.

Лебедите се честа тема во литературата и музиката. Многу славни композотори како Карл Орф во својата опера Кармина Бурана и Јан Сибелијус во својата симфонија, ја овековечиле убавината на лебедите. Но секако, Петар Илич Чајковски го напиша најубавиот балет на светот кои сите го знаат – Лебедовото езеро. Прекрасна музичка приказна за принцеза претворена во лебед, која само љубовта може да ја спаси.   

Лебедот се среќава и во многу, многу митови и легенди.  Според една од  легендите за настанокот на светот, лебедот го симболизира животот. Наспроти ова, во некои евро-индиски митови, лебедот преставува зла жена или зла Божица. Кај Келтите, тој е божество на Сонцето, а древните Египјани верувале дека лебедот ја носи душата на умрениот во другиот свет. Старите пак Словени, верувале дека лебедот ја преставува душата на претците.

Но најпозната приказна за лебедите е секако старо-грчкиот мит за Богот Зевс и убавата Леда. Претворен во лебед, Зевс ја завел и обљубил мажената Леда, која на свет донела две јајца. Од едното се излегле близнаците Кастор и Полукс, кои подоцна ќе станат најсјајните ѕвезди во соѕвездието Близнаци. Од другото јајце се излегла убавата Елена, во која се вљубил принцот Парис, а нивната забранета љубов била причина за познатата Тројанска војна. Но тоа е веќе сосема друга тажна љубовна приказна.

И на крајот, што всушност значи изразот “лебедова песна” ? Најчесто се поистоветува со последно дело на некој писател или уметник пред неговата смрт. А сето тоа, поради верувањето уште од времето на древните Грци дека пред смртта, лебедот го испушта својот најубав глас кој потсетува на тажна песна. Доказ дека во сето ова има барем малку вистиниа, дал познатиот зоолог Алфред Брем, кој тврдел дека лебедите со жолт клун, кои испуштаат малку поразлични звуци од оние со црвен, кога немаат храна или им прети смртна опасност, испуштаат милозвучни тонови кои наликуваат на песна.

Така, се чини дека сепак лебедите умираат пеејќи, барем оние со жолт клун.

[:en]English

Така, се чини дека сепак лебедите умираат пеејќи, барем оние со жолт клун.[:]

Start typing and press Enter to search