Реализирањето на планираните активности во овие неколку месеци беше успешно и според предходно изготвената временска рамка. Досега беа реализирани три еднодневни теренски активности. Како резултат од теренските активности беа посетени 10 локалитети и колекционирани вкупно 88 проби од водни и влажни станишта. За лабoраториски анализи беа подготвени вкупно 176 трајни препарати, при што истите беа заведени и депонирани во Македонската Национална Колекција на Дијатомеи (МНКД) на Институтот за биологија при Природнo-математичкиот факултет во Скопје. Локалитетите Серменинска река, Длабок Дол и акумулацијата Доне Попов се издвојуваа како интересни станишта кои покажуваат висок степен на диверзитет и дистрибуција на дијатомеи.
Утвдено е присуство на ретки и досега нерегистритани и непознати видови за Република Северна Македонија. Дел од нив опфаќаат видови од родовите Nitzschia, Berkella, Epithemia, Pinnularia, Hantzchia, Mulleria, Luticola, Sellaphora, Caloneis, Diploneis итн. Првичните анализи на постоечките и новособраните материјали укажаа на постоење на бројни видови за чија што идентификација е потребна висока таксономска резолуција и бара дополнителни анализи особено на Скенинг електорнски микроскоп (СЕМ). Не се исклучува можноста истите да претставуваат нови видови за науката. Два материјали веќе се испратени во Luxembourg Institute of Science and Technology (LIST), со цел да се направат СЕМ анализи на дел од видовите кои се потенцијално нови или интересни за таксономски истражувања.