Со започнувањето на овој проект, се обезбедија податоци за видот и за подрачјето од интерес и се испланираа теренските истражувања такашто беа испочитувани ограничувањата од Владата на РСМ. Со досегашните активности, е реализирана ex-situ заштита и папратот Ophioglossum vulgatum е пренесен во Ботаничката градина во Скопје.

Свежиот растителен материјал е земен од добро зачувани популации, на соодветен начин, со земање на почвен слој и одржување на влагата со најлонски ќеси и полевање со вода со висока pH вредност. Досега, по две посети, е најден само на една од четири веќе познати наоѓалишта (Алчак, Негорска бања, Асан Чешма и пат кон Чичи Каја) и се утврди состојбата со популациите на видот на наоѓалиштето. Состојбата се утврдува со метод на броење на адултните и јувенилните единки, утврдување на густината на популацијата и утврдување на виталноста на единките.

Во оваа фаза од проектот, имавме обид за наоѓање нови локалитети (Длабок дол, Аџибарица, Гингер Чешма), кој ќе продолжи и во наредните месеци со поголем број наоѓалишта. Колекционираниот материјал од локалитетите е хербаризиран и во процес на детерминација а примероците од растенијата карактеристични за влажни живеалишта, од сите локалитети, се хербаризирани и по детерминацијата заведени во Македонски Национален Хербариум (MKNH).

 

Start typing and press Enter to search