Потребен материјал: растение и проѕирна пластична кесичка

Цел: Да се види дека и растенијата дишат.

Вовед:  Растенијата дишат преку многу мали дупчиња на своите листови. Како што нашиот здив содржи влага која може да ја видиме на прозорецот доколку му „хухнеме”, истото важи и за растенијата кои пак не можат да „хухнат” – нивното дишење ослободува влага кој може да ја видиме доколку се потрудиме.

Влагата создадена од дишењето на растенијата оди во атмосферата и се таложи во форма на облаци заедно со останатата влага во воздухот, потоа се враќа на земјата во форма на дожд, пробива низ почвата и станува повторно достапна за растенијата да ја впијат низ корењата.

Упатство:

  • Пронајди дрвце или грмушка, или дури и поголемо растение во твојот дом и одбери едно гранче со зелени листови. Нежно стави го во пластичното кесе без да го скршиш или оштетиш него или ливчињата. Затвори го кесето и убаво заврзи го.
  • По неколку часа врати се и убаво опсервирај го кесичето. Внатрешната страна ќе биде прекриена со влага или дури цели капки вода. Тргни го кесето од гранчето.
  • Дискутирајте со децата за тоа што тие мислат дека се случило.

Дискусија:

  • Од каде дошла водата која излезе од ливчињата?

Start typing and press Enter to search