Тимот на МЕД Преспа го одбележа Светскиот ден на водните живеалишта (2ри февруари) со повеќе настани низ Преспа. Посетивме неколку точки околу крајбрежјето на Преспанското Езеро заедно со ренџерите од секторот за животна средина од Општина Ресен и споделивме знаења за идентификација и мониторинг на водни птици.
Истиот ден, во просториите на Инфо центарот на НП „Галичица“ во с. Стење основци од сите училишта во регионот беа поттикнати преку игра да практикуваат критичко размислување и да застапуваат одредена улога на јавна расправа поврзана со евентуален инфраструктурен проект во заштитено подрачје. Научивме дека без да се ставиш барем за момент во чевлите на другиот, не може да се постигне компромис кој ќе доведе до одржлив развој и заштита на биодиверзитетот.
Активностите беа подготвени во рамките на проектот на ПреспаНет: „Прекугранична заштита на регионот Преспа преку заеднички партнерски акции на ПреспаНет“ и беа имплементирани низ целиот прекуграничен регион.