Македонското еколошко друштво во рамки на проектот „Природата овозможува подобар живот“ што го спроведува во соработка со пет еколошки невладини организации од Европа, а е финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија на 24 и 26 септември во Општина Теарце и Општина Ресен одржа две еднодневни работилницa наменети за воспитувачи и наставници од прво до петто одделение.
Целта на работилниците беше запознавање со едукативниот пакет за природа и птици којшто наставниците ќе можат да го користат во своите едукативни програми како и мобилната аликација migration of birds, изработени со поддршка на Универзитетот од Гдањск.
Едукативниот пакет ги охрабрува едукаторите кои работат со деца од најрана возраст во рурални или помали градски средини да поминуваат повеќе време во природа и да ја изучуваат одблиску преку интерактивни игри поврзани со птиците.
На работилницaтa учествуваа наставници и воспитувачи од Скопје, Тетово, Гостивар, Теарце, Ресен, Охрид, Струга, Вевчани, Битола и Демир Хисар. Едукативниот пакет е достапен на македонски јазик за сите наставници и воспитувачи на веб страната на Македонско еколошко друштво.