На последниот состанок на Глобалниот состанок на партнерите на BirdLife International одржан во септември 2018 година во Белгија, Македонско еколошко друштво беше официјално признаено за полноправен партнер за Македонија. На свечената церемонија присуствуваше Секретарот на МЕД, д-р Методија Велевски кој беше вклучен во процесот на добивање на партнерски статус на МЕД од самиот почеток.

Иницијативата за назначување на МЕД за полноправен партнер на BirdLife International започна во 2006 година кога МЕД го добива статусот на подрачна единица на BirdLife International за Македонија. Во периодот од наредните 12 години, МЕД го зголеми бројот на вработени кои ги истражуваат птиците низ Македонија, ја објави научната публикација за идентификација  на  националните Значајни Орнитолошки Локалитети (ЗОЛ), и спроведе десетина проекти за проучување и заштита на птици низ Македонија, со вклучена едукативна компонента.

Исто, на Глобалниот Совет беа доделени признанија за двајца локални соработници на МЕД за нивните исклучителни напори и несебична соработка во заштита, промоција и проучување на птиците на локално ниво. Г-ѓица Виолета Јанева од општината Чешиново-Облешево и г-н Емил Лисичанец од ПЗД Аквила добија признанија и се назначени за BirdLife’s Nature’s Heroes за Македонија, приклучувајќи им се на стотината такви херои низ цел свет.

Start typing and press Enter to search