Во склоп на активностите за јакнење на капацитетите на локалните партнерски организации на МЕД од подрачјето на Илинска и Плакенска Планина, беше спроведена еднодневна работилница за имплементација на проекти. Работилницата беше одржана на 27 мај во просториите на ОУ „Гоце Делчев‘‘ – Демир Хисар. На работилницата учествуваа вкупно 12 учесници од 7 различни организации кои се вклучени во имплементација на проекти добиени преку програмата за мали грантови на МЕД.
Главна цел на работилницата беше учесниците да се обучат како теоријата да ја спроведат во пракса, односно како да ги реализираат визиите и плановите предвидени во напишаните предлог проекти.
Преку практични примери, главно од регионот, на учесниците им беа претставени главните две теми поврзани со фазата Имплементација од проектниот циклус, и тоа: фазите на самата Имплементација (Активирање и Функционирање), и 5-те контролни фактори за менаџирање на проект.