Македонското еколошко друштво, во соработка со ЈПУЗПП Јасен и Националниот парк Пелистер започна активности поврзани со истражување преку методата на фото-замки кое ќе се спроведе на територијата на овие две заштитени подрачја. Целта на истражувањето е да се утрвди присуството на рисот и неговиот плен, како и на останатите месојадни животни во наведените подрачја, и доколку дозволат податоците, да се направи проценка на бројот на единки од рис присутни во нив.
Истражувањето во заштитеното подрачје Јасен е веќе започнато и со помош на ренџерите досега се поставени вкупно 8 фото-замки. Се очекува до почетокот на февруари да се постават вкупно 20-25 фото-замки во оваа подрачје. Истражувањето во Националниот парк Пелистер се очекува да започне во почетокот на февруари, при што планирано е да се постават околу дваесетина фото-замки. Фото-замките и во двете подрачја ќе бидат активни до почетокот на април 2014 година.