Во Белград на 22 јануари оваа година се оддржа свечено собрание на Српското биолошко друштво, на кое се одбележа 65 години од неговото основање и 65 години од излегувањето на меѓународното списание „Архив на биолошките науки“. На собранието присуствуваа покрај членовите на Српското биолошко друштво и поканети гости од регионот, меѓу кои и од Македонија.

Српското биолошко друштво го одбележа овој јубилеј на 65 годишнина за да може на истакнатите членови на друштвото да им оддаде признание за допринос во науката, иако неговото работење датира уште од времето на д-р Јосиф Панчиќ. На овој собир на заслужните членови и научните работници им се оддаде признание за нивниот допринос во развојот на биолошките науки во вид на платинести и златни дипломи на Српското биолошко друштво. Треба да одбележиме дека меѓу наградените е и Проф д-р Љупчо Групче член на Македонското еколошко друштво, со платинеста диплома, која се дава за допринос во развојот на екологијата како наука во земјата и регионот. Тој беше примен и од заменик министерот за образование, наука и технологија, како и од директорот на Институтот за биолошки истражувања „Д-р Синиша Станковиќ“.

На свеченото собрание беше даден и осврт на развојот на списанието „Архив на биолошките науки“. Со особено задоволство беше истакнато дека списанието се наоѓа во научните институции на сите пет континенти. Денес се печати на високо техничко ниво и се издава на англиски јазик. За неговиот квалитет списанието има и импакт фактор.

Start typing and press Enter to search