Повик за прибирање на понуди за експертска поддршка за испитување на бројноста на охридскиот чај

Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Иницијатива за зелена и сина Преспа: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и НП Галичица, објавува Повик за прибирање на понуди за експертска поддршка за испитување на бројноста на охридскиот чај (Sideritis raeseri) на планината Галичица и прилагодување на мониторинг методологиите за иден независен мониторинг.

Главната цел на оваа задача е да се обезбеди стручна и експертска поддршка во остварување на Програмата за долгорочен мониторинг на биолошката разновидност во националниот парк Галичица, поточно во мониторингот на охридскиот чај (Sideritis raeseri), но возможно е во снимките да бидат опфатени и други растенија што растат на исти живеалишта и нивната состојба и мониторинг да произлезе при обработката на податоците како колатерална придобивка.

Право да достави понуда има секое заинтересирано лице кое ги исполнува следните критериуми:
− Завршено високо образование од релевантната област за сениор и јуниор експерт
− Професионално работно искуство во мониторинг на охридскиот чај (најмалку 10 години за сениор експерт и соодветно искуство за јуниор експерт)
− Докажана способност за спроведување истражувања, подготовка на анализи и обработка на податоци.

Краен рок за поднесување на понудите е 08.07.2026 година, најдоцна до 16:00 часот.

Понудите и евентуалните прашaња поврзани со повикот се поднесуваат по електронски пат на следните адреси: arsovski@mes.org.mk и gjurgjevikj@mes.org.mk.

Целосниот Повик за прибирање на понуди за експертска поддршка е достапен за симнување ТУКА.

Scroll to Top