Натпревар на фотографии: Витални пасишта во прекуграничниот регион Шар-Кораб-Коритник-Маврово

Натпреварот на фотографии „Виталните пасишта на Шар Планина и Маврово“ се организира во рамките на проектот „Европски Зелен Појас: Витални пасишта во прекуграничниот регион Шар-Кораб-Коритник-Маврово“, финансиран од Фондацијата „Арге В. Јенсен“ и Фондацијата „Нандо и Елса Перети“ и имплементиран од Македонското еколошко друштво (МЕД), Организацијата за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (ППНЕА), Фондацијата за поврзување на природните вредности и луѓето (ЦНВП) и „ЕуроНатур“.


КАТЕГОРИИ

Оваа 2026 година е меѓународна година на пасиштата и сточарите! Токму затоа, натпреварот е отворен само за фотографии што отсликуваат живеалишта или видови фотографирани и својствени за пасиштата во регионот Шар-Кораб-Коритник-Маврово којшто се протега во Северна Македонија, Косово и Албанија.

Фотографиите може да прикажуваат растенија, животни, пејзажи, традиционални практики во природата, како и локално специфични видови, доближувајќи ја така уникатноста и природната убавина на овој регион, односно:

  • Диви растенија и габи;
  • Диви животни на пасишта;
  • Локално специфични ендемични видови;
  • Пејзажи;
  • Традиционални пасторални практики и интеракција на човекот со природата.

Ги охрабруваме фотографите да испратат фотографии направени во различни годишни времиња.

КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ? 

Може да учествуваат сите заинтересирани, независно дали се аматери или професионални фотографи, независно од возраста, родот или националноста. Учеството е бесплатно.

Фотографиите треба да се поднесат до 30 септември 2026 година:
Фотографии од локации во Северна Македонија: calendar@mes.org.mk
Фотографии од локации во Албанија: e.gjyzeli@ppnea.org
Фотографии од локации во Косово: hajrush.kurtaj@cnvp-eu.org

Предметот на пораката треба да гласи: Пријава – Фотоконкурс за пасишта – Име и презиме.

Со пријавување на натпреварот, учесникот им дава право на организаторите да ги користат фотографиите без надомест и за следниве цели:

  • Подготовка на календарот за 2027 година;
  • Организирање на трилатерална фотоизложба во 2027 година, на која ќе бидат претставени победничките фотографии избрани на натпреварот во сите три земји;
  • Информирање за натпреварот во соодветните промотивни материјали и на веб-страниците на организаторите;
  • Користење на фотографиите за промоција на календарот, натпреварот и изложбите во публикациите на организаторите и во медиумското покривање;
  • Користење на фотографиите по завршувањето на натпреварот во публикациите на организаторите – непрофитната фондација „ЕуроНатур“, МЕД, ППНЕА и ЦНВП – со цел промоција на проектите за заштита на природата и биодиверзитетот.

Победничките фотографии ќе бидат претставени на изложби. Нивните автори ќе добијат мали подароци и примерок од календарот. По завршувањето на изложбите, изложените отпечатени фотографии ќе им бидат дадени на авторите.

КАКО ЌЕ ГИ ИЗБЕРЕМЕ ФОТОГРАФИИТЕ?

Сите поднесени фотографии ќе бидат анонимно разгледани од жири-комисија составена од претставници на партнерските организации (МЕД, ППНЕА, ЦНВП и ЕуроНатур). Комисијата ќе избере по 12 фотографии од секоја земја и ќе ги награди нивните автори.

ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЦИТЕ

  • Датум: 1 ноември 2026 година
  • Канали: Веб-страниците на партнерските организации, социјални мрежи
  • Авторски права: Имињата на авторите ќе бидат наведени при секое користење на фотографиите


ПРАВИЛА

Фотографиите мора да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Мора да бидат со минимална резолуција од 2600 × 2600 px;
  • Мора да бидат во хоризонтален формат;
  • Не мора да бидат направени во 2026 година;
  • Мора да бидат во боја;
  • Мора да се поднесени во JPG формат;
  • Локацијата, датумот и името на авторот мора да бидат наведени; името на фотографираниот вид е пожелно да се наведе, но не е задолжително;
  • Се прифаќаат макро-фотографии, пејзажи и фотографии направени со дрон;
  • Дозволена е само минимална обработка на фотографиите:
    • Нема да се прифатат дигитално манипулирани фотографии. Дозволена е само стандардна обработка на фотографиите (пр. тоналитет, контраст, осветленост, боја, сатурација, баланс на белата боја), минимално чистење (пр. отстранување на прашина или траги на леќата), и кратење;
  • Прифаќање на кодексот на однесување на фотографот во природа:
    • Без вознемирување на дивиот свет и живеалиштата;
    • Без ракување со животни или растенија;
  • Нема да се прифатат фотографии од домашни миленици или домашни животни освен доколку не се поврзани со сточарство (бачило, овчарски кучиња итн.), како ни фотографии од култивирани видови на диви растенија коишто не се направени во трилатералниот регион Шар-Кораб-Коритник-Маврово;
  • Не се дозволени логоа, потписи, рамки или какви било додадени елементи;
  • Секој учесник/фотограф може да се испрати најмногу 5 фотографии.

АВТОРСКИ ПРАВА

Со пријавување на натпреварот, учесникот потврдува дека испратените фотографии се негово/нејзино оригинално дело и дека тој/таа е единствениот сопственик на авторските права. Секој учесник гарантира дека сите испратени фотографии се направени со дозвола од прикажаните лица и, таму каде што е возможно, со дозвола од сопственикот на имотот или од други носители на права. Учесникот потврдува дека ги поседува сите потребни права за поднесување и публикување на фотографиите и го ослободува осигурува организаторот од какви било побарувања кои произлегуваат од кршењето на правата од трети лица.

Фотографот ги задржува авторските права за своите фотографии, а неговото/нејзиното име ќе се појавува покрај фотографијата секогаш кога таа ќе биде објавена.

ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

Податоците испратени од учесниците ќе ги чуваме и користиме само за целите на натпреварот. Ќе бидат споделени со трети страни (пр. редакции на списанија или нашите партнери во натпреварот „Витални пасишта“) само заради известување и објавување на победничките фотографии. Со пријавувањето на натпреварот, учесникот изрично изјавува дека се согласува со ова. Учесникот има право во секое време да ја повлече својата согласност за чувањето на неговите/нејзините податоци така што ќе го информира локалниот организатор на натпреварот calendar@mes.org.mk, со што се откажува и од натамошно учество.


Scroll to Top