Македонското еколошко друштво, на 20 март 2024 година, во Маврово ја одржа втората работилница од проектот „Иницијатива за Северни Шуми: Ревитализација на шуми во Северна Македонија и Албанија“.
На Работилницата за валидирање на податоците за обновување на шумите во областа Буковиќ, присутни беа претставници од сите засегнати страни и клучни чинители.
Покрај експертот од Австрија, своја презентација имаше и професорката Македонка Стојановска од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, која ја презентираше социо-економските анализа спроведена во регионот.
Професорот Борис Најдовски од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, ја презентираше приоритизацијата и ги наведе можните опции за возобновување на шумите.
За време на целата работилница имаше отворена дискусија меѓу сите присутни, кои активно учествуваа со свои излагања во текот на презентациите, што придонесе до поинформирани сознанија.
Македонско еколошко друштво во координација со Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија ја организира оваа работилница во рамки на проектот “Иницијатива за северни шуми: Ревитализација на шумите во Северна Македонија и Албанија. Проектот е финансиран од Фондацијата на шведската поштенска лотарија и се спроведува во тесна соработка и со поддршка на релевантните национални и локални институции.