Времетраење: Февруари 2023 – Јануари 2024
Финансиер: СИДА – Шведска меѓународна агенција за развој
Цел на програмата: Формирање на модел за зелена комуна на самоодржливо и еколошки свесно село, посветено на заштита на животната средина и биодиверзитетот, преку одржливо користење на природните ресурси и обновливи извори на енергија како и промоција на природното наследство и поттикнување развој на еко-туризмот и традиционалниот начин на живеење во регионот на Илинска-Плакенска Планина.
Лице за контакт: Ребека Велјановска
Овој проект е дел од програмата за грантови на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ која има за цел да даде поддршка на силно и живо граѓанско општество што ќе има значајна улога во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, што би резултирало со чиста животна средина, зелени економии и здрави граѓани во Македонија. Програмата ја спроведува Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници – МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска.