Детали за настанот:

Кликни за пријавување

Датум: 29 април 2023
Место: врв Китка
Времетраење: 8 часа
МЕД и ПК „Љуботен“ ја организираат оваа планинарска акција во чест на проф. Љупчо Меловски, долгогодишен претседател на Македонското еколошко друштво, поборник за заштита на природата и учител на многу млади еколози. Љупчо беше и долгогодишен член и поддржувач на ПК „Љуботен“ и активно беше вклучен во многу активности на клубот.
Програма:
07.30 часот- тргнување од с. Горно Количани (над селото)
09.30 часот – пристигнување кај спомен плочата на Љупчо Меловски
11.00 часот – пристигнување до планинарски дом „Китка“
11:30 часот – пристигнување до врв Китка
11.30 часот – 12.30 одмор
12.30 часот – симнување надолу
15.30 пристигнување во селото и завршување на настанот
Информации:
Се работи за средна планинарска тура која започнува од над селото Горно Количани на 750 м.н.в и патеката понатаму продолжува да се движи низ шумски појас до целта, врвот Китка на 1568 м.н.в. Симнувањето е по истата патека. Вкупно искачуваме околу 700 метри. Должината на патеката е 18 km, а вкупно време во еден правец (искачување) е околу 4 часа.
Организација на искачувањето:
Исхраната е во сопствена режија индивидуално предвидена за планинарска тура до 8 часа.
За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема за пролетни услови!
Секој од учесниците треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција!
Сите индивидуални лица кои сакаат да учествуваат на настанот мора да се приклучат кон одредено друштво/клуб или организирано здружение!
Организаторот го задржува правото за промена на програмата во зависност од временските услови!
НАПОМЕНА
Македонско еколошко друштво и планинарскиот Клуб „Љуботен“ не одговараат за последиците кои би се случиле надвор од оваа програма, како и за учесници кои немаат доставено образец /изјава за пријавување на настанот не меил или во живо.
Образецот / изјавата за пријавување ја има во прилог на следниов линк:https://drive.google.com/…/1R36WBv…/view

Кликни тука за пријавување за турата или кај:  pandurska@mes.org.mk
Контакт лица:
Методија Велевски – 070 782 826
Диме Меловски – 078 393 436

Start typing and press Enter to search