Македонското еколошко друштво го организираше 6 Конгрес на еколозите на Република Северна Македонија со меѓународно учество, во Охрид, во периодот 15-18 октомври 2022 година. На конгресот учествуваа повеќе од 160 учесници и повеќе од 100 гости од 12 држави од регионот и Европа.
Презентирани беа резултатите од научните истражувања од областите на биодиверзитетот, шумарство и земјоделие, промени во животната средина, управување на природните ресурси, популации, заедници и екосистеми, хидробиологија, управување со води и мониторинг, еколошка едукација.
Освен овие сесии, беа организирани и три симпозимуми во кои беа презентирани резултатите од научни истражувања посветени на конкретни региони – Брегалнички регион и Преспански регион, како и симпозиум на млади истражувачи и студенти биолози.
На конгресот беа обележани и 50 години постоење и активна работа на МЕД и промовирано видео изработено за оваа цел.