12.05. 2022 – Во рамки на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник” во текот на април и мај се одржаа две одлични промоции. Планинарскиот клуб „Љуботен“ го промовираше Инфо центарот за Шар Планина во Тетово а организацијата „Иницијатива за граѓански интеграции“ во две основни училишта во Гостивар отвори две ботанички градини.

Чест ни е што работата на клубот продолжува и со еден ваков важен инфо-центар којшто ќе нуди најважни информации за природата на Шар Планина и можностите за одржлив туризам во регионот, изјави Јован Божиновски, претседател на ПК „Љуботен“ на промоцијата во Тетово.

ИГИ Гостивар пак во основните училишта „Мустафа Ќемал Ататурк“ и „Гоце Делчев“ во соработка со Општина Гостивар и училиштата поддржа отворање на две ботанички градини во дворот на училиштата.

Се радуваме што едукативните содржини на учениците ќе можат да се збогатат и со практична работа во ботаничките градини и нега за домашни градинарски растенија. Живееме толку блиску до Шара но младите се помалку знаат како да работат со земја, изјави Сунчица Ѓурчиноска, од ИГИ Гостивар.

Покрај овие две активности, МЕД во рамки на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник” директно поддржа и проекти за поддршка на пчелари и сточари од Шар Планина, чии активности ги спроведуваат организациите „Дива Перуника“ и „Центарот за едукација и развој“.

 

 

 

Start typing and press Enter to search