Тринаесет години по ред, во викендот на 15 и 16 јануари 2022 г., вработени и волонтери од МЕД спроведоа броење на птици на трите природни езера во Македонија, вклучувајќи ги околните акумулации и водните станишта. Пандемскиуте услови беа ограничувачки фактор за учество на поголем број на учесници, но 9 вработени, членови и соработници на МЕД успешно го спроведоа Зимскиот цензус на водни птици во Македонија. Вкупно беа избројани околу 20.500 птици на Охридското езеро, околу 8.000 птици на Преспанското Езеро и околу 7.000 птици на Дојранското Езеро.

На трите езера и на другите водни тела забележаните единки припаѓаат на околу 30 различни видови птици, од кои поголем дел се чести видови птици кои презимуваат на овие водни тела. Најголемо изненадување беше малата бројка на избројани птици на Преспанско езеро, која сметаме дека е резултат на неколку фактори – релативно високите температури за овој период од годината и промените во крајбрежниот појасн на езерото предизвикани од флуктуациите на водната маса на езерото во последните неколку години.

Зимскиот цензус на водни птици е најмасовното и најдолготрајно волонтерско пребројување птици во светот, со традиција уште од 1967 година. Предводен од Меѓународната организација за водни станишта (Wetlands International) и во соработка со бројни локални организации, овој настан стана во клучен извор на информации што се од суштинско значење за креирањето политики поврзани со управувањето и заштитата на водни станишта.

 

 

Целосниот список на набљудувани видови на птици следи под овој текст:

Аlcedo atthis

Anas acuta

Anas crecca

Anas platyrhynchos

Anas querquedula

Anas strepera

Ardea alba

Ardea cinerea

Aythya ferina

Aythya fuligula

Bucephala clagula

Chroicocephalus ridibundus

Cinclus cinclus

Circus aeroginosus

Cygnus olor

Egretta garzetta

Fulica atra

Galinulla chloropus

Gavia arctica

Gavia stelatta

Larus michachellis

Mareca penelope

Mergus merganser

Microcarbo pygmaeus

Motacilla alba

Motacilla cinerea

Netta rufina

Pelecanus crispus

Pelecanus onocrotalus

Phalacrocorax carbo

Podiceps cristatus

Podiceps nigricollis

Tachybaptus ruficollis

Start typing and press Enter to search